• четврток, 26 март 2026

Меѓународен фестивал „Смотра на ветерани“ во Струга

Меѓународен фестивал „Смотра на ветерани“ во Струга

Скопје, 6 септември 2025 (МИА) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга денеска ќе се одржи петтиот меѓународен фестивал „Смотра на ветерани“, во организација на КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и НУЦК „Браќа Миладиновци“ - Струга.

Како што најави Центарот за култура „Браќа Миладиновци, на настанот ќе учествуваат културно уметнички друштва од регионот и земјава, а пред концертот во рамки на програмата предвидено е и дефиле низ градот. ра/лв/

Фото: Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга

 

Остани поврзан