• четврток, 17 октомври 2024

Меѓународен поетски фестивал „Денови на Наим“ во Тетово

Меѓународен поетски фестивал „Денови на Наим“ во Тетово

Тетово, 17 октомври 2024 (МИА) - Во Тетово вечер ќе почне 28. издание на Меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим“. Во центарот за културата „Иљо Антески-Смок“ каде ќе се одржи годинашново издание активности ќе има до 19 октомври, а ќе учествуваат повеќе од 20 поети од повеќе држави.

- Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи со литературен час „Поетски глобус“, на кој многу поети ќе читаат свои творби. Потоа на годинешната лауреатка, романската поетеса Магда Карнечи ќе и биде врачена главната награда „Наим Фрашери“ за оваа година, информираше Шаип Емурлаху директор на фестивалот.

Во рамките на програмата предвидени се низа културно-уметнички и литературни активности.

-Ќе има и свечено промовирање на книгата „Пештерата на Данте“ од Фиона Сампсон, вели Емурлаху.

Лауреатот Магда Карнечи е член на Европскиот парламент и претседател на романскиот ПЕН.И оваа година фестивалот е поддржан од Министерството за култура.ас/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан