• вторник, 14 мај 2024

Меси ќе пропушти седум натпревари на Интер Мајами поради учество во Купот на Америка

Меси ќе пропушти седум натпревари на Интер Мајами поради учество во Купот на Америка

Лондон, 27 декември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси ќе пропушти седум натпревари во американската МЛС во 2024 година, пишува „Daily Sport“.

Фудбалерот нема да биде присутен на натпреварите на тимот против ДЦ Јунајтед, Њујорк Ред Булс, Филаделфија, Колумбус Кру, Нешвил, Шарлот и Синсинати поради учеството на аргентинската репрезентација во Купот на Америка.

Турнирот ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули во летото 2024 година. А бидејќи МЛС не се согласува со календарот на ФИФА, во исто време ќе се играат и натпревари од американското првенство.

Меси ќе се приклучи во Интер Мајами во 2024 година со поранешниот соиграч од Барселона, Луис Суарез, кој потпиша со клубот во декември.

Новата сезона во МЛС започнува на 21 февруари 2024 година. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан