Меси со порака до Марадона: Сакам да закрепнеш што побрзо, топло те прегрнувам
- Капитенот на Барселона, Лионел Меси му искажа поддршка на екс-играчот и тренер на аргентинската репрезентација Диего Марадона.

Барселона, 4 ноември 2020 (МИА) - Капитенот на Барселона, Лионел Меси му искажа поддршка на екс-играчот и тренер на аргентинската репрезентација Диего Марадона.
Легендарниот Марадона ноќеска беше опериран за отстранување на хематом од главата.
- Диего, сите сили на светот се со тебе.Моето семејство и јас сакаме да бидеш подобро што е можно побрзо. Те гушкам од срце, напиша Меси на Инстаграм.