• вторник, 14 мај 2024

Меси следната година може да се пресели во Интер Мајами

Меси следната година може да се пресели во Интер Мајами
Париз, 3 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во американската МЛС-лига. Според „Марка“ Интер Мајами може да го ангажира Аргентинецот во 2023 година. Претходно беше објавено дека Меси купил недвижен имот во Мајами. Меси летото 2021 година бесплатно се пресели од Барселона во ПСЖ. Сезонава одигра 16 натпревари на сите турнири, постигна шест гола и четири асистенции. зс/

Остани поврзан