Меси побарал Сетиен да покаже почит, тренерот му ја покажал вратата
- Шпанското издание „Марка“ раскажа за конфликтот на поранешниот селектор на Барселона, Кике Сетиен со капитенот на тимот Лионел Меси. На 27 јуни Барса ремизираше во Ла Лига со Селта (2:2), по

Мадрид, 3 ноември 2020 (МИА) - Шпанското издание „Марка“ раскажа за конфликтот на поранешниот селектор на Барселона, Кике Сетиен со капитенот на тимот Лионел Меси. На 27 јуни Барса ремизираше во Ла Лига со Селта (2:2), по што Сетиен остро ги критикуваше играчите во соблекувалната.
Меси побарал тренерот да покаже почит кон играчите кои освоија повеќе трофеи од него.
- Ако не ви се допаѓаат моите зборови, ете ви ја вратата, одговорил Сетиен.