Меси не присуствуваше на церемонијата на доделување на американскиот претседателски Медал на слободата
- Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси не присуствуваше на церемонијата на доделување на Медал на слободата од страна на американскиот претседател Џо Бајден, пишува „Глобо“.
Вашингтон, 5 јануари 2025 (МИА) - Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси не присуствуваше на церемонијата на доделување на Медал на слободата од страна на американскиот претседател Џо Бајден, пишува „Глобо“.
Организаторите на манифестацијата знаеле за отсуството на Меси па името на 37-годишниот Аргентинец не било соопштено за време на церемонијата.
Медалот на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, кое им се доделува на поединци кои дале „извонреден придонес за просперитетот на САД, светскиот мир или други значајни јавни, јавни или приватни потфати“.
Меси игра во американската МЛС-лига од 2023 година. Заедно со Интер Мајами, напаѓачот го освои регуларниот дел од сезоната и беше елиминиран од Атланта во првото коло од плејофот. зс/
Фото: ЕПА