• петок, 15 ноември 2024

Меси веќе нема намера да се сретне со Бартомеу

Меси веќе нема намера да се сретне со Бартомеу
Барселона, 28 август 2020 (МИА) - Капитенот на Барселона, Лионел Меси смета дека нема повеќе потреба од средба со претседателот на клубот, Јосеп Бартомеу, пренесува „Марка“. Претходно имаше информации дека функционерот е подготвен да ја напушти својата функција само Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“. Меси, пак, останува цврст во намерата да си замине. Шесткратниот освојувач на „Златната топка“ смета дека наскоро тој веќе нема да може да игра на највисоко ниво, а во Барселона нема шанси да ја освои Лигата на шампионите. На 25 август се дозна дека Аргентинецот донел конечна одлука да ја напушти Барселона. Тој се разочара од системот на управување на клубот и најновите резултати на тимот кој помина без трофеј за прв пат по 12 години. Дури и евентуалната оставка на Бартомеу од претседателската функција нема да влијае на неговата одлука. зс/

Остани поврзан