• среда, 10 јули 2024

Месина тренерското место во Армани Милан ќе го замени со претседателското

Месина тренерското место во Армани Милан ќе го замени со претседателското

Милано, 4 декември 2023 (МИА) – Емпорио Армани Милан, кој имаше неуспешен старт на новата сезона, се подготвува за оставка на главниот тренер Еторе Месина.

Италијанските медиуми објавија информација дека се очекува Месина да стане претседател на клубот. 

Самиот 64-годишен Италијанец пред неколку дена изјави дека планира да ја заврши кариерата на лидерска позиција во клубот.

Милан е на 15. место во Евролигата со биланс четири победи и седум порази, додека во домашниот шампионат се наоѓа на 8. место со скор 5-5.

Тренерското место на Месина треба да го заземе еден од неговите сегашни помошници. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан