• петок, 05 декември 2025

Мерсие за МИА: Локалните избори во Северна Македонија беа конкурентни со почитување на основните слободи

Мерсие за МИА: Локалните избори во Северна Македонија беа конкурентни со почитување на основните слободи

Брисел, 23 октомври 2025 (МИИ) - Европската Унија го поздравува тоа што локалните избори во Северна Македонија беа конкурентни и што основните слободи беа во голема мера почитувани, иако тие се одржаа во високо поларизиран политички амбиент и со некои процедурални недостатоци, изјави за МИА портпаролот на Европската комисија за проширување Гијом Мерсие. 

- ЕУ ги нотира прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија на локалните избори во Северна Македонија на 19 октомври 2025 година, истакна Мерсие. 

Според него, ЕУ ја охрабрува земјата да ги адресира сите препораки на Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), вклучително и за измена на Изборниот законик. сп/са/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан