• понеделник, 23 декември 2024

Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) – Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје.

Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација.

На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор, и  ќе се носи на наредна седница.

Судскиот совет, информира дека на денешната седница  бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар. аа/лв/

Остани поврзан