• четврток, 26 март 2026

Мелони ќе се сретне со Вучиќ вечер во Белград

Мелони ќе се сретне со Вучиќ вечер во Белград

Белград, 5 август 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се сретне денеска со српскиот претседател Александар Вучиќ во српската престолнина Белград, се наведува во соопштение објавено на веб-страниците на италијанската Влада и на српското претседателство.

Мелони вечер ќе биде гостин на официјална вечера што ја организира Вучиќ.

Тема на разговорите ќе биде процесот на приклучување на Србија кон ЕУ и НАТО, забележува италијанскиот весник „Ил Џорнале“, додавајќи дека овој процес е фронт на кој Мелони одамна е ангажирана, бидејќи е уверена дека ова е „најдобриот дипломатски одговор на експанзионистичките аспирации на (рускиот претседател) Владимир Путин“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан