• петок, 05 декември 2025

Мелони планира учество на средбата Трамп – Зеленски во Вашингтон

Мелони планира учество на средбата Трамп – Зеленски во Вашингтон

Рим, 17 август 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека ќе присуствува на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, закажан за 18 август во Вашингтон.

Според италијанските медиуми, таа сака да ја истакне својата улога во решавањето на украинската криза, при што нејзиниот пристап се разликува од оној на останатите европски лидери.

Во меѓувреме, Германија, Франција и Велика Британија треба денеска да одлучат дали нивните лидери – канцеларот Фридрих Мерц, претседателот Емануел Макрон и премиерот Кир Стармер – ќе отпатуваат во САД. Западните сојузници сакаат координиран настап, но официјална покана од Вашингтон сè уште немаат добиено. ссм/

фото: архива

Остани поврзан