• недела, 22 декември 2024

Мелони му порача на Нетанјаху: Израелските напади врз ОН во Либан се неприфатливи

Мелони му порача на Нетанјаху: Израелските напади врз ОН во Либан се неприфатливи

Рим, 13 октомври 2024 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди нападите на израелската армија врз мировните сили на Обединетите нации (ОН) во Либан, нарекувајќи ги неприфатливи.

Мелони ова го изјави во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кого го повика да обезбеди целосна имплементација на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), пишува Гардијан.

Италија дава значаен придонес во мисијата на ОН во Либан, позната како УНИФИЛ. јт/

Фото; Х

Остани поврзан