• вторник, 23 јули 2024

Мексико и Канада ќе се обидат да го намалат бројот на молби за азил

Мексико и Канада ќе се обидат да го намалат бројот на молби за азил

Мексико Сити, 21 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата Влада работи на жалба од Канада поради големиот број барања за азил од Мексиканци.

Според канадскиот Одбор за имиграција и бегалци, во периодот од јануари до септември 2023 година, Мексиканците поднеле најмногу барања за азил – 17.500, многу повеќе од државјаните на Хаити, кои поднеле нешто повеќе од 8.500.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо минатата недела истакна дека Отава е во преговори со Мексико за да се намали бројот на барања за азил од Мексиканците. Според него, некои луѓе добиваат поддршка од организираниот криминал за да стигнат до канадска територија. ми/

фото: МИА архива 

Остани поврзан