• четврток, 26 декември 2024

Медински: Подготвени сме за продолжување на дијалогот, топката е во дворот на Украина

Медински: Подготвени сме за продолжување на дијалогот, топката е во дворот на Украина
Москва, 23 мај 2022 (МИА) - Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, замрзнати на иницијатива на Киев, изјави денеска главниот руски преговарач Владимир Медински. - Ние од наша страна подготвени сме за продолжување на дијалогот. Но, би сакал да нагласам дека топката, кога станува збор за натамошните мировни преговори, е во дворот на Украина, истакна тој за белоруската телевизија ОНТ, јави Тасс. Медински повтори дека до замрзнување на разговорите дошло „целосно“ на иницијатива на Украина. бд/сд/
 

Остани поврзан