• недела, 22 декември 2024

Мегваер: Уништен сум!

Мегваер: Уништен сум!

Манчестер, 6 јуни 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед - Хари Мегваер, призна дека многу тешко ја прифатил веста дека испадна од репрезентацијата на Англија и нема да ги претставува „трите лава“ на УЕФА ЕУРО 2024 година.

Дефанзивецот не успеа да се опорави од повредата на потколеницата и беше ослободен од менаџерот Герет Саутгејт.

-Скршен сум што не бев избран да играм за Англија на Европското првенство во лето. И покрај моите најдобри напори, не можев да ја надминам повредата на потколеницата. Можеби премногу се туркав себеси обидувајќи се да успеам. Едноставно кажано, уништен сум, напиша Мегваер на Инстаграм. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан