• петок, 26 април 2024

МВР: 173 санкции за брзо возење

МВР: 173 санкции за брзо возење

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопшти МВР./

Фото: МИА arhiva

Остани поврзан