• петок, 15 ноември 2024

МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

Како што стои во соопштението, граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.

Авто - мото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово информира дека по половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон Грција.

Во текот на вчерашниот ден, од АМСМ соопштија дека најголем интензитет на сообраќај има на „Табановце“, каде се чекало околу два часа, додека на останатите гранични премини, по околу еден час. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан