МВР: Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти
- Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица ноќеска половина час по полноќ во близина на село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија, кој е осоничен за криумчарење мигранти.

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица ноќеска половина час по полноќ во близина на село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија, кој е осоничен за криумчарење мигранти.
Како што информираат од МВР, во наведеното време, со возилото „хјундаи“ кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Тој набргу го запрел возилото и се дал во бегство.
При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/аа/
фото МИА архива