МВР: Приведени двајца измамници во Куманово
- Двете лица се сомничат дека на 1 јуни измамиле 79 - годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете.
Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Кумановската полиција на 2-ри овој месец во 20 часот го лишила од слобода И.Ф.(52) од Куманово, а вчера на Граничниот премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип, информираат денеска од МВР.
Двете лица се сомничат дека на 1 јуни измамиле 79 - годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. сст/аа/
фото МИА архива