• четврток, 14 ноември 2024

МВР по двојното убиство во Скопје: Пукале пет лица, опожарено возило на патот кон Горно Оризари

МВР по двојното убиство во Скопје: Пукале пет лица, опожарено возило на патот кон Горно Оризари

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Во СВР Скопје синоќа во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Од МВР утрово информираа дека  е известен јавен обвинител, кој излегол на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција.

- Околу 20.30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари. По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството, наведуваат од МВР. цр/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан