МВР најави прес-конференција за 22:30 часот
- Министерството за внатрешни работи вечерва во 22:30 часот ќе одржи прес-конференција на која се очекува да се соопштат повеќе детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Скопје, 5 декември 2023 (МИА) – Министерството за внатрешни работи вечерва во 22:30 часот ќе одржи прес-конференција на која се очекува да се соопштат повеќе детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Дел од медиумите вечерва, повикувајќи се на сопствени извори објавија дека првоосомничениот Љупчо Палевски е уапсен на граница. Против него, вчера МВР покрена официјална истрага и објави меѓународна потерница. аа/ац/
Фото: МИА