• недела, 22 декември 2024

МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти

МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) -  Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица кај местото викано „Караорман“ во Гевгелија синоќа во 20.00 часот го лишиле од слобода А.А.(27) од Косово.

Како што информираат од МВР при преглед во возилото „ауди А3“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, од кои едно од Сирија и три од Египет. А.А. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/лв/

Остани поврзан