• четврток, 30 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Во Прилеп вчера во 16.00 часот на ул. „Ило Полутешка“ полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Прилеп.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил фатен при извршување на кражба од куќа. Одземеното било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 30.01.2025 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ од Куманово при обид да одземе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (30.01.2025) во 02.10 часот, во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ѓ.(37) и А.С.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.01.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.01.2025 во 21.10 часот во струшката населба Плитишта, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода П.Г.(46) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  29.01.2025 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(40) од Куманово затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 29.01.2025 вo 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје, удрило во пешакот Ф.К.(22) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Возачот В.Ј. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 29.01.2025 во 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, кај влезот за с.Глоѓи, се случила собраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од  с.Гургурница, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од с.Доброште и патничко возило ,,тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од с.Доброште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ш., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

На 29.01.2025 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од Скопје, удрило во пешакот В.Ѓ.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Ѓ., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.01.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје, од Центарот за управување со кризи било пријавено дека во АМСМ преку Германската јавна служба „Помош на пат“ била добиена информација дека во близина на с.Блаце, на Скопска Црна Гора, се изгубил германскиот државјанин T.H.(75). По преземени мерки и активности, во 19.10 часот во близина на манастирот во с.Бањани, скопско, полициски службеници од Полициското одеделение Мирковци го пронашле лицето во добра здравствена состојба. Т.Н. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била укажана помош. 

На 29.01.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Велес, С.И.(42) од Велес пријавила дека на улица „Лазо Осмаков“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 29.01.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, Т.А.(55) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 29.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.С.(57) од Скопје пријавил дека кај Железничка станица Ѓорче Петров во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан