• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - На 16.12.2023 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот извршил кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 16.12.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во периодот од 19.30 до 21.30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш. Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 16.12.2023  во 12.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода К.И.(50) од село Студеничани, скопско. Тој се сомничи дека околу 09.00 часот од двор на подрачје на Драчево, одзел куче домашен миленик, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје. Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 17.12.2023 во 02.30 часот во близина на ноќен клуб во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Н.(25) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2023 во 01.05 часот на улицата „Индустриска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и М.К.(32), двете од Битола. При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото, пронајдени биле неколку пакувања со прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.12.2023 околу 22.45 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.Л.(35) и Ј.П.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Г.Л. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 13.10 часот на улицата „11 Октомври“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(43) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 21.10 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 16.12.2023 во 14.10 часот во село Пирок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Камењане ги лишиле од слобода Ј.Ј.(18) од село Добарце и Г.С.(37) од Тетово. При преглед кај нив и во возилото „фиат пунто“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај Ј.Ј била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана, а кај Г.С. била пронајдена марихуана.  По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 21.20 часот во село Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.С.(32) од Гостивар затоа што при преглед во патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 20.40 часот во трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло...

На 16.12.2023 во 16.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Гостивар, после влез за село Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(61) од Куманово и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од село Инџиково, скопско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил З.С.(56) од село Инџиково, сопатникот од возилото „форд“, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево. 

На 17.12.2023 во 01.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од село Велгошти, охридско и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(22) од селото Долно Коњско, охридско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „сузуки“-Ј.К. и неговиот соаптник А.Ј.(28) од Охрид, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид и Општа болница - Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.  

На 16.12.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Цветан Димов“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од село Лопате, кумановско, удрило во пешакот С.О.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

На 16.12.2023 во 13.40 часот во Полициската станица Драчево, Ц.М.(76) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџиниколов“ бил  каснат од куче скитник. 

На 16.12.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Гостивар, Б.Ѓ.(43) од Гостивар пријавила дека во населбата Циглана била касната од куче скитник.

На 16.12.2023 во 16.50 часот во Полициската станица Радовиш, Ш.Л.(25) од село Тополница, радовишко, пријавил дека во селото, негов малолетен другар бил каснат од куче скитник. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан