МВР Билтен
- На 15.03.2025 во 09.30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - На 15.03.2025 во 09.30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на март 2025 година извршил три кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Радовиш. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службен разговор ги признал делата. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.03.2025 во 01.20 часот во с.Топлица, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги привеле З.И.(28) и Ш.С.(42), двајцата од Гостивар. При контрола на патничко возило „пежо" со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (16.03.2025) во 03.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(29) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.03.2025) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.М.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.03.2025 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.
Денеска (16.03.2025) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(30) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.03.2025) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Чаир, Љ.Ј.(71) од Скопје пријавил дека на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.03.2025 во 11.55 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.Ј. (29) од Битола, поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.02.2025 во Битола, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен метамфетамин.
На 15.03.2025 во 22.00 часот на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници го привеле Ѓ.И.(32) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Г.(28) од Скопје кој пријавил дека на ул.„Есенинова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.03.2025 во 21.15 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода Б.М.(20) од Свети Николе и М.Ј.(32) од с.Калуѓерица, радовишко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 10.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Б.(33) од Скопје. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 13.50 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат на влез во село Кованец, гевгелиско, Ц.С.(61) од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 15.03.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, при качување во автобус на ЈСП Скопје, управуван од Т.А.(59) од Скопје, вратата се затворила, при што патничката О.А.(75) од Скопје паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 15.03.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.Б.(83) од Скопје пријавила дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 15.03.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(37) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. вг/
Фото: МИА Архива