• понеделник, 22 јули 2024
МВР Билтен

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - На 22.07.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково. Тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 - а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.

На 21.07.2024 во 18.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле Ѓ.Г.(35) од Пробиштип и Ж.М.(23) од Штип. При преглед во патничко возило „хонда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал Ѓ.Г., а сопатник бил Ж.М., била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 42 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење сигурносен појас...

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 82 возачи, од кои 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 33 за некористење заштитен шлем-кацига, 1 за минување на затворен сигнал -црвено светло и 4 за возач почетник.

Вчера (21.07.2024), во периодот од 17.00 до 22.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 52 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-24), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 35 (ТЕ-22 и ГВ-13) и 1 (ГВ) мотоцикл со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 5 (ГВ) со поминат рок на осигурителната полиса и 9 (ТЕ-4 и ГВ-5) без возачка дозвола, како и 9 (ТЕ-4 и ГВ-5) други видови сообраќајни прекршоци. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

На 21.07.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во Маврови Анови, К.С.(35) од Скопје, управувајќи мопед без регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. дма/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан