• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, вчера го лишиле од слобода Г.Г. од село Дабиле, струмичко.

Околу 18.30 часот на наплатната станица - Романовце била извршена контрола на возило - комбе „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки од Сојузна Република Германија и само за помал дел поседувал царинска потврда за платени давачки, додека пак за поголемиот дел, не поседувал никаква документација. Известен е Отсекот за економски криминал при СВР - Куманово и по консултација со јавен обвинител, возилото и предметите за што не поседувал документација, биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-Б  - „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.  

Денеска во еден часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Н.П., 18-годишно лице од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Синоќа во 23.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје го лишиле од слобода С.К., 22-годишно лице од главниот град на државава, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 17.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Р.М., 31-годишно лице од главниот град на државава, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 13.25 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода А.А., 27-годишно лице од Сојузна Република Германија, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 12.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода С.О., 30-годишно лице од главниот град на државава, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 15.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода М.С., 21-годишно лице од главниот град на државава, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.   

Синоќа во 19.45 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.К., 28-годишно лице од село Градашорци, струмичко, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 21.05 часот на улица „Браќа Блажески“, полициски службеници од ОВР - Гостивар  го привеле Ќ.И., 51-годишник од овој град, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна.

Тој бил предаден во Казнено - поправната установа „Затвор - Тетово“ за издржување на казната.

Вчера во 11.25 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 32-годишниот К.Б. од Косово, затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол - Германија.

Тој бил задржан во полициската станица - Кисела Вода за понатамошна постапка.

Синоќа во 22 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Борис Трајковски“ и „Петар Делјан“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, упраувано од З.Д., 61-годишно лице од главниот град на државава и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И., лице на 50-годишна возраст од село Батинци, скопско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле О.Д., 26-годишна скопјанка, сопатничка во возилото „опел“ и 42-годишната Х.И. од село Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило, В.Д., на возраст од 52 години од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники - „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР - Скопје.   

Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на крстосница од булеварот „Ленинова“ и улицата „24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М., 57-годишно лице од струмичко Ново Село и мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ., на 25-годишна возраст од градот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар - Струмица. Увид на местото извршила екипа на полициската станица - Струмица.

Денеска во 00.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Кадрифаково, на клучката Штип - Велес кон село Кадрифаково, патничко возило „даеву ланос“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М., 38-годишно лице од Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница - Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Штип.

Вчера во 17.35 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „14 Бригада“ и „Цар Самоил“ во Кочани, Е.С., 35-годишно лице од овој град, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А., 43-години, исто од овој град, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница - Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кочани.

Вчера во 12.30 часот во полициската станица - Ѓорче Петров, С.Ѓ., 20-годишна девојка од скопско Волково, пријавила дека на улицата „81“ во селото била касната од куче скитник. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан