Скопје, 5 декември 2024 )МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, полициски службеник, извршувајќи работни задачи како документарист, со пречекорување на службеното овластување, во септември 2023 година изготвил службен акт со невистинита содржина, злоупотребувајќи го потписот на раководителот на Полициската станица Тетово. Имено, полицискиот службеник делото го извршил на тој начин што ги злоупотребил процедурите за примање барања, постапување и достава на службени акти и до адвокат доставил акт за достапност за лице со невистинита содржина, односно на усно барање на адвокатот, без процедурално административно - деловодничко евидентирање на писмено барање, изготвил и издал на рака акт со невистинита содржина, т.е. во актот било наведено дека лице кое е засегнато во судски процес било преселено на непозната адреса, со што не бил достапен на органите за прогон, без притоа да се извршат проверки за достапност на терен. По изготвувањето на актот, полицискиот службеник го злоупотребил потписот на раководителот со цел да го озваничи, вметнал несоодветен деловоднички број и како таков актот го предал на рака, спротивно на утврдените процедури. По ова предметниот акт бил злоупотребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ што резултирало со штетен исход од судскиот процес против лицето.
На 04.12.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од слобода ги лишија Н.Т.(67), Ѓ.Т.(64) и С.В.(77), сите од охридското село Трпејца. При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба белвица и грунец со вкупна тежина од над 10 килограми, како и риболовен алат. Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад и по консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.12.2024 во 21.30 часот, при контрола во интернет кафе во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, во помошна просторија пронашле три пакувања со марихуана. Извршен бил увид и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Б.(58) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 14.11.2024 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола во возило „фолксваген пасат“, при што констатирале дека врши превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај, издадена од надлежен државен орган.
Денеска (05.12.2024) во 01.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4, делница од село Ново Село кон село Секирник, струмичко, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(37) од с.Зубово, струмичко, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 04.12.2024 во 21.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, физички ја нападнал неговата поранешна 42-годишна сопруга, на која и упатувал и закани и го прекршил решението за привремени мерки за заштита. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје, Т.Ќ.(23) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од В.С.(27) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.12.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, А.Т.(48) од Скопје пријавила дека на 30.11.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно нарушени семејни односи, била физички нападната од нејзиниот чичко Ч.П.(73) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.12.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Ѓеран“ во Инџиково настанал пожар во напуштена викенд куќа, сопственост на А.П.(62) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, Ф.Д.(32) од село Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека на 03.12.2024 околу 12.30 часот, по завршување на часовите, во близина на основното училиште во с.Зелениково, скопско, во кое учел, неговиот осумгодишен син се здобил со тешка телесна повреда при игра со соучениците. Повредата е констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Денеска (05.12.2024) во 09.50 часот во СВР Скопје, З.А.(35) од Тетово пријавила дека околу 08.20 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на сила ѝ ја одзело чантата со паричник и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.12.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Т.Љ.(39) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот во автобус на подрачјето на Чаир, едно лице од неговата ќерка одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.12.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, К.М.(40) од Скопје пријавила дека околу 16.55 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзело ранец со паричник и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.12.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф. Ј.(34) од Скопје пријавила дека на 04.12.2024 во 00.00 часот ја пронашла својата штитеничка А.М.(14) од Скопје, за која на 15.11.2024 пријавила дека се оддалечила од домот.
На 04.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.М.(37) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка А.В.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 04.12.2024 во 17.30 часот во СВР Велес, Н.Р.(50) од Велес пријавил дека на улица „Ангел Мишев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 04.12.2024 во 16.40 часот во СВР Велес, Т.А.(73) од Велес пријавил дека на улица „Максим Горки“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 04.12.2024 во 08.25 часот во СВР Битола, М.Н.(46) од с. Долни Дисан, општина Неготино, пријавил дека на ул.„8 Септември” во Битола бил каснат од куче скитник.
На 04.12.2024 во 22.30 часот во СВР Битола, Ј.Т.(35) од Битола пријавил дека во близина на градскиот стадион ,,Петар Милошевски” во Битола бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(56) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 13.11.2023, по претходна пријава од екипа на ЕВН Македонија, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и било констатирано дека пријавениот неовластено се приклучил од главната дистрибутивна линија со електричен кабел, без да биде поставена мерна опрема за потрошена електрична енергија.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.Р.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.04.2024, полициски службеници од Казнено - поправната установа Затвор Куманово извршиле преглед над пријавениот - осуденик во установата, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.И.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.04.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против М.Л.(33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.09.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.В.(23), Б.Б.(32), К.Г.(19) и 15 – годишник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“. На 29.11.2024 во Прилеп, пријавените искинале и со патничко возило прегазиле знаме.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.А.(34) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 26.10. до 28.10.2024, пријавениот пронашол дебитна картичка на лице од Кочани, по што реализирал пет трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од 6.819 денари. .
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од тетовско село и М.М.(26) - управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и против Р.Ф.(68) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 на регионален пат во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд транзит“, сопственост на правното лице, а управувано од третопријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Б.(58) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 14.11.2024 на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на такси возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Л.А.(52) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во периодот од 25.08. до 10.10.2024, пријавената изградила објект без да поседува техничка документација и одобрение за градење издадено од надлежен орган.
Фото: МИА