• среда, 01 мај 2024
МВР Билтен

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - На подрачјето на Центар, денеска во 00:05 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.К.(37) од с.Студеничани, скопско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.  

Вчера околу 23.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола. Тој бил фатен при обид за извршување „тешка кражба“ на ул.„Бонде Скерлевски“ во Битола. По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска   во 01.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 00:30 часот го лишиле од слобода Д.Н.(32) од с.Долно Лисиче, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен шприц исполнет со течност.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 22.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(24) од с.Туин, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На подрачјето на Кисела Вода, вчера во 19:25 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ј.(32) и П.С.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари  гранати. За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал. Увид бил извршен.  

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 9:30 часот полициски службеници го привеле Т.А.(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.   

Вчера во 13.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле А.Е (25) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа биле вршени корекции. Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.    

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол...

Во текот на вчерашниот ден (06.04.2024) во периодот од 12.00 до 17.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 100 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Вчера во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.. Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес. 

Во Полициската станица Радовиш вчера во 14:00 часот било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Тополница, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(24) од Радовиш, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Р.Ц.(23) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш. 

Вчера во 16.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Маршал Тито“ и „11 Октомври“ во Демир Капија, 54 – годишната Е.З. од Демир Капија, управувајќи електричен тротинет изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.З. констатирани во болницата во Неготино. Увид извршиле увидна екипа од ОВР Неготино. 

Денеска во 01.30 часот во Полициската станица Велес, Л.К.(20) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. 

Во Полициската станица Велес, денеска во 2:50 часот Б.Т.(23) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник. 

Вчера во 12.55 часот во Полициската станица Куманово, М.С.(37) од с.Табановце, кумановско, пријавила дека на ул.„Прохор Пчински“ во Куманово била касната од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан