МВР Билтен
- СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во февруари 2026 година во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и таблети.
Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Во февруари 2026 година во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и таблети.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.А.(67) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 03.09.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа која повремено ја користел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечки карабин и воздушна пушка.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 20.12.2025 во Прилеп, пријавениот со патничко возило го попречил патот на друго патничко возило во кое биле двајца сопружници, при што им се заканувал со остар предмет.
На 11.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.К.(47) и А.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и други предмети.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 12.02.2026 во 03:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.Р.(36) од Косово.
При гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека евидира со мерка „aпси“ по барање на Интерпол. Лицето е предадено на инспектор од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол за понатамошна постапка.
На 11.02.2026 во 19:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош, тетовско, патничко возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(63) од с.Озормиште, општина Желино, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 12.02.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци,скопско, опожарени се три патнички возила - „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при гаснење со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.02.2026 околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Б.(45) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во текот на октомври 2025 година, преку социјална мрежа довел во заблуда едно лице да нарача блиндор врата од него, по што лицето авансно му уплатило 64.500 денари, но J.Б. вратата не му ја испорачал.
На 11.02.2026 во 14:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода М.З.(33) од Велес, по претходна пријава дека во 12:40 часот побегнал од Казнено - поправната установа Затвор Идризово - Отворено одделение Велес, каде што издржувал казна затвор.
Тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната.
На 11.02.2026 во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека пред зградата на Територијалната противпожарна единица Куманово физички го нападнале С.С.(35) од Куманово, вработен во Територијалната противпожарна единица Куманово.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.К.(28) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед извршен на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.
На 11.02.2026 во 13:30 часот во Скопје, во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Г.(55), постапувајќи по претходна пријава дека упатувал вербални закани, а потоа и со остар предмет се заканувал на З.К.(59) и членови на неговото семејство.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 11.02.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен С.К.(35) од с.Љубанци, скопско.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачјето на Центар. Увид бил извршен.
На 11.02.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот татко Д.А.(62).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.В.(23) и Г.М.(62), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.02.2026 околу 17:00 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(45) од Скопје пријави дека на 09.02.2026 околу 21:45 часот на ул.„Хелсинки“ во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2026 во 03:33 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 10.02.2026 до 03:25 часот на 11.02.2026 со употреба сила и подесен алат било влезено во подружница на финансиско друштво на подрачје на Аеродром и биле одземени пари, два сефа, службен печат на подружницата, мобилни телефони и други предмети.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. сст/
Фото МИА архива