• сабота, 28 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 декември 2024 (МИА) - Денеска (28.12.) во 02.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „Хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.П. (21) од село Ѓавато, гевгелиско,  удрило во пешакот Т.И.(25) од Богданци. Во несреќаат со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а констатирани во Општата градска болница во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

На 27.12.2024 година во 07.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Градец, патничко возило „Фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(51) од село Дебреше, гостиварско, по претходно пролизгување на патот, удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш., констатирани во Ургентниот центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 27.12.2024 година во 07.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар, патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.К.(27) од Гостивар, удрило во пешакот Е.С.(63) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.С., констатирани во Ургентниот центар Гостивар. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа.

На 27.12.2024 година во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на aвтопатот Скопје -Велес, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ. (46) од Скопје изгубил контрола над возилото и удрил во жичена ограда, а потоа во бетонски столб. Возачот Р.Ѓ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  од ОВР Гостивар.

На 27.12.2024 година во 12.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово- Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу четири патнички моторни возила: „Опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка,  БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, „Форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „Волво" со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К.  Б.Н.Т, додека пак сопатниците С.С., А.К., С.К. и А.К. се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

На 27.12.2024 година во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“  во Скопје, патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (40) од Кавадарци, удрило во пешакот И.М. (56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.12.2024 година во 08.30 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во 08.25 часот кај двајца осуденици И.В. и Ф.Б. била пронајдена марихуана. Извршен бил увид од увидна екипа од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и истата била одземена. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 27.12.2024 година во 20.30 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека околу 18.50 часот во установата кај осуденици биле пронајдени марихуана и таблети. Извршен бил увид од увидна екипа од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и истите била одземена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.12.2024 година во 22.00 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.М.(37) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана.По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

Денеска (28.12.) во 01.50 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Е.С (22) од село Голема Речица, тетовско кај кого при извршен преглед била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 27.12.2024 година во 14.30 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(25) од село Василево, струмичко, пријавила дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 27.12.2024 година во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил  дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот 14-годишен син бил каснат од куче со сопственик.

Денеска (28.12.) во 04.00 часот во Полициската станица Центар, З.М.(60) од Скопје пријавил дека на ул. „Христо Смирненски“ во Скопје бил каснат од куче со сопственик. ац/

Фото: МИА

Остани поврзан