• среда, 12 јуни 2024
МВР Билтен

Скопје, 26 мај 2024 (МИА) - На подрачјето на Кисела Вода вчера во 12 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(19) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 10.00 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата,  полициски службеници го лишиле од слобода А.М.И.Ф.(47) од Египет, со привремен престој во Република Грција, кој управувал патничко возило „киа“ со грчки национални ознаки. Имено, при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека меѓународната возачка дозвола издадена од Египет била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. 

Денеска во 00.05 час во казино во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ш.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од Т.Н.(51) од Велес, според која Г.Ш. дошол во неговиот дом и по кратка расправија физички го нападнал и му го одземал мобилниот телефон. Покрај ова, при преглед кај Г.Ш. извршен од полициски службеници, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас, четири за управување возило под дејство на алкохол... 

Вчера во 11.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(50) од с.Маргари, општина Долнени и мотоцикл „јамаха“ со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од А.А.(25) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп. 

На подрачјето на СВР Тетово вчера од 08.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 13 возачи (ТЕ-5 и ГВ-8) за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место. При контролата санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-8). На возачите прекршители изготвени им соодветни поднесоци.

Вчера во 08.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово. 

Во Полициската станица Центар вчера во 11.40 часот, Ј.В.(74) од Скопје пријавил дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на  крстосница од ул.„Илија Алексов“ со ул.„Ѓорче Петров“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од с.Ракитец, општина Конче, и мотоцикл „теккен“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Коџалија, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.   

Во Полициската станица Центар, вчера во 18:10 часот Љ.Н.(80) од Скопје пријавила дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје била касната од куче скитник. 

Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот од место викано „Рамно“ до место викано „Биљак“, по шумски земјен пат на подрачјето на с.Мирковци, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(27) од Скопје изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.А.(31) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Во Полициската станица Центар, вчера во 20:15 часот М.К.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Пешков“ во Скопје бил каснат од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан