• сабота, 15 јуни 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Денеска (21.05.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(49) од с.Бунарџик, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.05.2024 во 22.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(18) од Гевгелија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2024 во 00.10 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода К.В.М.(66) од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 20.05.2024 во 15.00 часот на  Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(33) од Шведска, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека е барaн од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас...  

На 20.05.2024 во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 20.05.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.М.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20.05.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 20.05.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.П.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 20.05.2024 во 18.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки,  управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 20.05.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(60) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20.05.204 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, О.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Денеска (21.05.2024) во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на  автопатот А-1, делница Велес – Скопје,  патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К (31) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. За настанот е известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото. дма/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан