• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба од Основен суд Скопје 1, денеска (15.09.2024) во 02:45 часот во село Кондово, скопско, го привеле А.А.(27) од село Сарај, скопско, кој бил баран за издржување на затворска казна. А.А. бил спроведен во Казнено поправна установа Идризово.

На подрачјето на Бит Пазар, денеска (15.09.2024) во 01:50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.И.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2024 во 23:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(25) од Ресен поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, на 14.09.2024 во 18 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2024 во 18:55 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.И.(20) од Скопје, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2024 во 20:20 часот во Полициското одделение Мирковци, К.Б.(66) од село Мирковци, пријавила дека во село Глуво, општина Чучер-Сандево била касната од куче. 

 На 14.09.2024 во 17:30 часот во Полициската станица Карпош, М.В.(58) од Скопје пријавил дека на булевар „Партизански одреди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Во СВР Битола вчера во 13 часот  е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влез за село Добрушево и село Клепач, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксфаген" со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт" со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од село Канатларци, прилепско. Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Денеска (15.09.2024) во 00:45 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од улица „Индустриска“ и локалниот пат за село Курија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.В.(34) од село Возарци, кавадаречко и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Виничани, општина Градско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот од село Виничани, констатирани во Градската општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.ар/
Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан