• недела, 22 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера во 13:00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, го лишиле од слобода И.Б.(61) од Република Турција, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека зелената карта за осигурување на товарно возило „ман“ со турски национални ознаки била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Полициски службеници вчера во 12:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, го лишиле од слобода Т.Д.(53) од Република Словенија поради тоа што при извршена гранична контрола и проверки било констатирано дека патничкото возило „фолксваген голф“ со словенечки национални ознаки, кое тој го управувал, било предмет на кривично дело. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во Полициската станица Кратово вчера во 12:05 часот било пријавено дека на магистралниот пат А-2 во село Страцин, кратовско, на место викано „Поповски рид“ патничко возило „фолксваген поло“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 20:50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Б.(32) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера околу 21 часот на подрачјето на Петровец ги лишиле од слобода Д.Б.(25), И.М.(39) и М.Ј.(41) сите од Кавадарци, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 21:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, ги лишиле од слобода А.Б.(19), Е.К.(20) и Ш.З.(25), сите од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и една вага. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Полициски службеници од СВР Штип вчера во 14:10 часот во Штип го лишиле од слобода Т.С.(30) од Штип, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

В.Б.(58) од Куманово вчера во 14:20 часот во СВР Куманово пријавила дека на  ул. „Поток Серава“ во Куманово била касната од куче скитник.

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш вчера во 15:10 часот во Радовиш го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица. Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од 6 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“. Во службениот разговор извршен со него, Б.А. признал дека во јули и септември на подрачје на Радовиш извршил три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „разбојничка кражба“. Кај него биле пронајдени пари и предмети кои ги одзел при извршените кривични дела и ќе бидат вратени на сопствениците. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а лицето било предадено во Затвор Штип за доиздржување на затворската казна. По целосно документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера на место викано „Дражица“, во близина на Прилеп, го лишија од слобода С.Ц.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викендица лоцирана на местото викано „Дражица“, во близина на Прилеп. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На граничниот премин „Св. Наум“ вчера во 16:30 часот од слобода е лишен М.С.(44) од Велес, кој, при извршена контрола, фрлил кутија од цигари во која имало опаковка со бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 1:30 часот, во ОВР Кичево е лишен од слобода Д.М.(40) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа повеќе опаковки со бела грутчеста материја и дигитални ваги. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан