МВР Билтен (ДПЛ)
- Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во атар на с.Љубанци, скопско, било забележано едно машко лице како пали оган во една од нивите. Од пожарот била зафатена површина од околу 1000 метри квадратни сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје, 14 август 2023 (МИА) - Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во атар на с.Љубанци, скопско, било забележано едно машко лице како пали оган во една од нивите. Од пожарот била зафатена површина од околу 1000 метри квадратни сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В. (24) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „тешка кражба“, предвидени и казниви по чл.236 ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик. Имено, тој на 13.08.2023 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка. Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.
Вчера во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.Е.(45) од Куманово. Таа била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ по член 133 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Во Полициското одделение Жеровјане вчера околу 13.15 часот, М.Б. донел метален предмет, кој го пронашол во близина на реката Вардар, атар на с.Радиовце, и најверојатно станува збор за рачна граната, без запалка. Гранатата бил безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 137 возачи, од кои 91 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило и 8 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место во Куманово со радар му биле измерени 118 километри на час.
Вчера на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 16 во населено место. Истиот ден, во периодот од 15.00 до 20.00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, биле санкционирани 14 прекршоци. Санкционирани биле и 30 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 9 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 2 за неносење заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.
На подрачјето на СВР Охрид вчера во периодот од 15.00 до 20.00 часот реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 22 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни и на места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-10, Струга-05, Кичево-03, Дебар-04).
Во текот на вчерашниот ден (12/13.08.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле констатирани и санкционирани четири прекршоци (ТЕ), а возачите веднаш биле исклучени од сообраќај. Исто така, во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 20.00 часот била спроведена акциска контрола за возачите кои вршат неправилно и непрописно престигнување, при што биле констатирани и санкционирани 25 (ГВ) прекршоци. За време на контролите биле констатирани и 59 останати прекршоци (ТЕ-55 и ГВ-4). На сите возачи - прекршители им биле изготвени и законски предвидените поднесоци додека возачите кои биле под дејство на алкохол и оние кои вршеле престигнување на полна линија и на непрегледна кривина, ќе се соочат и со заштитна мерка забрана за управување во времетраење од 3 до 12 месеци.
Денеска (14.08.2023) околу 09.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, кај зимски пункт Македонија, патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) од Неготино. Од здобиените повреди пешакот Д.С. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес.
Во Полициската станица Делчево вчера во 19.40 часот било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Делчево, М.В.(39) од Делчево, управувајќи мотоцикл „ктм“ со италијански национални ознаки, удрил во куче, по што паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.
Во СВР Велес вчера околу 10.20 часот било пријавено дека на ул.„Орце Шутев“ во Велес, С.И (57) од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Вчера во 15.00 часот кај крстосница од с.Горно Којнаре кон Табановска река, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север забележале како од патничко возило „сеат алтеа“ со струмички регистарски ознаки, излегуваат пет лица мигранти. Откако ги забележал полициските службеници, возачот го напуштил возилото и се дал во бегство. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце, а возилото било пренесено во Полициската станица за граничен надзор Сопот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера во 19.00 часот, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.(33). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 21.40 часот во СВР Тетово, Ш.Р. од тетовско Желино пријавил дека на паркинг во с.Сиричино од страна на Д.А., О.Р. од с.Чегране и уште едно лице било пукано со огнено оружје кон неговиот син С.А. од Желино, при што му била одземена и чанта со пари и лични документи. Според пријавеното, С.А. и Д.А. имале нерасчистени должничко доверителски односи и судски спор во Швајцарија. Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат и соодветни пријави.
Во Полициската станица Радовиш вчера околу 08.45 часот било пријавено дека во кругот на Медицински центар Радовиш настанал пожар во трафостаница на ЕВН. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Денеска (14.08.2023) во 03.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(54) од с.Страхојадица, скопско, пријавил дека околу 00.30 часот, во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(49) од с.Шишево, скопско, пријавил дека околу 00.00 часот настанал пожар во неговата штала во која имало добиток. Од пожарот бил зафатен и друг објект во кој имало живина, сопственост на неговиот брат Р.Ѓ.(42). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје, вчера во 10.00 часот, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Р.(66). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. сх/аа/
Фото: МИА архива