МВР Билтен (ДПЛ)
- ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.К.(27) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.К.(27) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.К.(45) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициските службеници констатирале дека тој со моторно возило „опел вектра“ врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.
На 26.01.2025 во 20:40 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(45) од Прилеп поради сомнение дека извршил тешка кражба во објект на Здравствен дом - Прилеп. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 16:30 часот во село на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(39), постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 43 - годишна сестра и неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 01:00 часот во СВР Скопје, З.Ј.(33) од с.Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 19:20 часот во викенд куќа на неговиот пријател Љ.С.(67) од с.Морани, скопско, четири лица физички ги нападнале двајцата, при што употребиле дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(20), Џ.Ш.(34), Ф.Џ.(22), А.М.(23), А.И.(21), М.И.(21) и И.Ф.(21), сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале и упатувале закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
На 26.01.2025 во 23:50 часот во СВР Скопје, И.А.(41) од Скопје пријавила дека околу 18:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзините две малолетни ќерки биле физички нападнати од две други малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, Х.И.(22) од Скопје пријавил дека околу 14:10 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила му ја одзело чантата со пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(51) од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана од неговиот малолетен син одзел лични работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 22:40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Е.(45) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга Х.А.(38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Б.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 26.01.2025 во 11:20 часот во ОВР Гостивар, А.Р.(62) од Гостивар пријавил дека околу 11.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Д.(69) од с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” во обид. На 22.01.2025 во с.Клечовце, по претходна расправија и физичка пресметка, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на Д.Ј..
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ и против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 20.12.2024 во Скопје, првопријавениот физички нападнал едно лице и му одзел мобилен телефон и пари, а на 18.01.2025 со погоден алат влегол во угостителски објект и одзел пари и други предмети. Додека, на 26.12.2024 заедно со второпријавениот, со физичка сила и тврд предмет влегле во угостителски објект од каде одзеле мобилен телефон.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.А.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „измама“. Пријавениот лажно се претставил и преку социјална мрежа стапил во контакт со лице од Берово. Под изговор дека на неговата сметка ќе му бидат испратени пари, пријавениот од лицето побарал и добил податоци од банкарската сметка и лична карта, по што подигнал кредит од финансиско друштво на име на оштетениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.12.2024 во просториите на ОВР Кочани, пријавениот во два наврати, физички нападнал двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Д.(58) и Н.Р.(37), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.11.2024 во просториите на Основен суд Штип, првопријавениот упатил закани кон полициски службеник од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Штип, а подоцна во дворот на судот, пријавените упатиле закани кон двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(49) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на 2023 и 2024 година, пријавениот како вработен во јавно општинско претпријатие вршел наплата во домови кај корисници во селата Милетино и Блаце, тетовско, а паричните средства не ги предал во благајната, туку ги присвоил за себе.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.М.(21) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 20.11.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава Д.О.Ј.(26) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 16.01.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Н.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пушка, ловечка пушка, патрони со калибар 12 мм, куршуми со калибар 7,62 мм, цевки за огнено оружје, црн тромблонски додаток, цевка со механизам за испалување, затворач и други делови за оружје.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против З.Д.(44) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „криумчарење на мигранти’’. На 22.01.2025 на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово, пријавениот во патничко возило „цитроен” со кичевски регистарски ознаки, превезувал три лица мигранти, од кои две лица од Непал и едно од Индија. фф/нд/
Фото: МИА архива