МВР Билтен (ДПЛ)
- На 10.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(36) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО.
Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - На 10.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(36) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО.
На 11.10.2024 во 00.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(52) од Скопје. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот во кој престојува на подрачјето на Кисела Вода, во неговото возило „тојота“, како и во подрумските простории кои лицето ги користи, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, семки од растението канабис, различни видови таблети и две дигитални ваги. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО.
Денеска (11.10.2024), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Џ.А. од Скопје. По претходно добиена судска наредба, беше извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, при што беа пронајдени и одземени неколку тегли и неколку други пакувања со марихуана и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Х.(55) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. На 04.10.2024 тој управувал минибус на релација Косово - Грција и кога пристапил на пасошка контрола на Граничен премин Долно Блаце, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Денеска (11.10.2024) околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Г.(36) од Скопје. Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 10.10.2024 во 17.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.К.(20) од Република Полска затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка.
Денеска (11.10.2024) во 02.30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Б.М.(24) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот на ул. „Теодосија Паунов“ во Кочани, со патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, по што го напуштил местото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје, А.Г.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот, од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен кровот и таванот од дневната соба од неговиот стан на подрачјето на Гази Баба. Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.
Денеска (11.10.2024) во 02.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје настанал пожарено во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(34) од село Р`жаничино, скопско. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „пежо“со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Џ.(33) и патничко возило „мазда 3“со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Н.(40), двајцата од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
На 10.10.2024 во 16.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга извршиле службен разговор со С.Г.(34) од село Велгошти, охридско, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.10.2024 околу 17.30 часот во атар на село Враништа, струшко, физички го нападнал К.К.(26) од село Враништа, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Б.Д.(24) од Гевгелија затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.10.2024) во 00.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Јордан Пиперката“ во Кичево настанал пожар на затворен балконски простор на вториот кат од куќата сопственост на Б.П.(69) од Кичево. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 10.10.2024 во 21.45 часот во СВР Штип, В.Ц.(69) од Штип пријавила дека околу 16.30 часот во продажен објект во Штип била физички нападната од С.„Н.“, вработен во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 19.30 часот во Полициското одделение Сарај, Ф.С.(24) пријавил дека околу 14.30 часот во село Долно Свиларе бил физички нападнат од Б.И. од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје, Г.Н.(31) од Скопје пријавил дека околу 17.40 часот во село Волково, скопск, бил физички нападнат од Н.Н., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 околу 08.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на 09.10.2024 околу 19.00 часот во атар на село Будинарци, беровско, И.Е.(43) од село Дедино, општина Конче, бил физички нападнат од Г.Т.(44) од село Будинарци, беровско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник И.И.(14), за кого на 08.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од установата.
На 10.10.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани, В.Т.(53) од Кочани пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син М.Т.(16) од Кочани. Според пријавеното, можно е малолетникот да се наоѓа кај негова пријателка во Берово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 10.10.2024 во 20.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(44) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка С.А.(14) од Скопје, која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 10.10.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Карпош, Л.С.(19) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар на подрачјето на Карпош во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 10.10.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Аеродром, С.Р.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 10.10.2024 во Полициското одделение Петровец, М.З.(73) од Тетово пријавил дека во кругот на Катлановска бања бил каснат од куче скитник.бт/
Фото: МИА Архива