• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Вчера во 03 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле М.Т.(36) од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 13.10.2024 во 10:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.Р.(61) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

На 14.10.2024 во 02:00 часот во с.Мралино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(19) од с.Мралино затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а исто така, претходно не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

На 13.10.2024 во 21:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Г.Д.(51) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.10.2024 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(44) и М.Ј.(40), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.10.2024 во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Р.Е.(39) и С.А.(53), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 13.10.2024 во 17:54 часот во СВР Скопје, Д.Г.(20) од Скопје пријавил дека околу 01:00 часот на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 13.10.2024 во 21:00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(20) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот во двор од камп за бездомници во с.Визбегово, скопско, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од Л.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 13.10.2024 во 09:35 часот во СВР Скопје, З.Т.(62) од Скопје пријавил дека во периодот од 00:00 до 09:30 часот во неговиот угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров била опожарена една маса. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. 

На 13.10.2024 во 17:58 часот во СВР Скопје, А.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско пријавил дека околу 17:37 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила му го одзело мобилниот телефон, откако претходно биле договорени да се најдат за купопродажба на телефонот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 13.10.2024 во 10:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 12.10.2024 околу 21:30 часот во плац на приватна фирма на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, едно лице физички го нападнало чуварот и одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на сличајот. 

На 13.10.2024 во 02:30 часот во Полициската станица Чаир од СОС Детско Село–Скопје било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка М.П.(17), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 13.10.2024 во 13:09 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив за укажување помош дошла О.К.(46) од Скопје, која околу 12:30 часот во населба Пинтија била касната од куче, кое имало сопственик.

На 13.10.2024 во 23:20 часот во СВР Битола, Е.К.(37) од Битола пријавила дека на ул.„Карпош” била касната од куче скитник. 

На 13.10.2024 во 08:00 часот во ОВР Крива Паланка, М.М.(70) пријавил дека на улица „Коце Металец“ во Крива Паланка бил каснат од куче скитнк.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.С.(62) од Злетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 16.08.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, при што употребил и тврд предмет.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.И.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.10.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.10.2024 на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило во кое совозач бил Ф.М., кој од прозор фрлил марихуана, која била пронајдена, а која претходно ја набавил од пријавениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против О.Л.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 06.08.2024, лице од Злетово пријавило дека по склучен договор кај нотар за купопродажба на возило „тојота“, сопственост на пријавениот, започнал постапка за промена на регистарските таблички во станица за технички преглед, при што било констатитирано дека возилото нема број на шасија.    

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 31.08.2024, пријавениот во ОВР Дебар лажно пријавил дека, додека на патот Дебар - Струга се движел со патничко возило „фиат добло“, сопственост на брза пошта од Скопје, бил пресретнат од друго возило од кое излегле неколку лица и со употреба на физичка сила му одзеле пари од дневниот промет на поштата. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан