• среда, 15 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.В.(28) од село Подмољје, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, како и една метална дробилка со остатоци од марихуана.

На 07.09.2024 во 19.48 часот во СВР Куманово, било пријавено дека во населбата Бабин Дол во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(38) од Куманово од една страна и И.И.(40) и Б.И., двајцата од село Биљановце, кумановско од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 16.15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.А.(51)  и Р.С.(26), двете од гостиварско, кои биле пријавени дека биле фатени при кражба во маркет во Гостивар. Тие се задржани во полициска станица за расчистување на случајот и против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 08.09.2024 во 06.25 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Ф.(33) од Тетово, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување за казна затвор во траење од три години. Л.Ф. е спроведен во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

На 08.09.2024 во 07.45 часот полициски службеници од ПО Жеровјане врз основа на судска наредба во тетовско Милетино го привеле С.Г.(65) од Милетино за издржување на казна затвор. Тој е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.

На 06.09.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, Е.А.(59) од Скопје пријавил дека околу 13 часот во двор од верски објект, на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.Б.(22) и Е.Б.(36), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои употребиле и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред сервис за возила на подрачјето на општина Аеродром, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Х.(36) и Ф.В.(26), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од Скопје пријавил дека, неговата малолетна ќерка му кажала дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината мајка К.П.(43), а негова поранешна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 07.09.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Р.(54) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.09.2024 во 22.30 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Ж.(25) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.09.2024 во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал. Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (08.09.2024) во 03.25 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 02.50 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип И.Т.(35) од Штип го паркирал своето патничко возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, по што се упатил кон продажен објект и по кратко време настанал пожар во предниот дел на возилото. Од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 07.09.2024 во 23.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Д.Т.(35) од кратовско, по претходна пријава, дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.09.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Свети Николе, А.Ј.(72) од Свети Николе пријавил дека во Свети Николе едно лице со употреба на физичка сила му одзело паричник во кој имало пари и лични документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 На 07.09.2024 во 23.40 часот во Полициска станица Велес О.С.(63) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

 На 07.09.2024 во 22.15 часот во Полициска станица Велес А.Н.(42) од Велес пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник. ра/aa/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан