• вторник, 14 јануари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера во 04.40 часот и во 06.30 часот, ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 19.00 часот во Казнено - поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осуденото лице Т.П.(35) од Битола, била пронајдена марихуана и таблета. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.В. од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, В.Т.С.(47) од Битола пријавила дека на ул.„Димитар Илиевски Мурато”  во  Битола била касната од куче скитник.

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, А.И.(49) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола,  нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Тагови

Остани поврзан