• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 октомври 2023 (МИА) - На 07.10.2023 во 16.20 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја - Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди, по што починал. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Дебар и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.

На 07/08.10.2023 од 22 до четири часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол - Охрид - 7, Струга - 1, Кичево - 2. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 08.10.2023 во три часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е К.Т.(28) од Охрид, кај кого полициските службеници при извршен преглед, пронашле и одзеле бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.10.2023 во 03.10 часот, во близина на угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е А.В.(25) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле и одзеле бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.10.2023 во 00.50 часот во ОВР Кичево приведен е Ф.М.(36) од Кичево. Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба по што, истиот е спроведен во казнено поправната установа „Затвор“  -Битола, на издржување затворска казна во траење од шест месеци.

На 07.10.2023 во 18.10 часот, А.Р.(59) од Кичево, во полициска станица пријавил дека на 30.09.2023 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

На 07.10.2023 во 11.25 часот во Полициска станица Струмица С.В.(48) од село Просениково, струмичко пријавила дека од дома се оддалечила Б.В.(76) од село Просениково, која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.10.2023 во 21.11 часот во Полициска станица Гевгелија Т.С.(26) од село Црничани, дојранско пријавил дека околу 19 часот во село Црничани бил физички нападнат со тврд предмет од Б.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2023 во 02.30 часот во Полициска станица Струмица Д.К.(24) од  Струмица пријавил дека околу еден часот во угостителски објект во Струмица, бил физички нападнат од Д.М. и К.М. од Република Бугарија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2023 во 05.10 часот во СВР Велес С.К.(34) од Велес пријавил дека околу 04.30 часот во угостителски објект во Велес бил физички нападнат со тврд предмет од Д.Т.(34) од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 20.10 часот во Полициска станица Гостивар, З.М.(64) од Гостивар пријавила дека околу 18.30 часот во Гостивар нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 21.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Х.Т.Карпош“ бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица, по што Љ.Р.(26) од село Слупчане-општина Липково со патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во А.Л.(44), по што двете лица биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од лекар им биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје 56-годишен жител на Скопје пријавил дека на 25.09 и на 30.09.2023 врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед Д.П. (78). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 15 часот во Полициска станица Драчево е пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ј.(25) и М.С.(22) двајцата од Скопје, во која бил употребен и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.10.2023 во 15.30 во СВР Куманово Б.И.(22) од Куманово пријавил дека во близина на фирма во Куманово по претходно недоразбирање тој и В.И. биле физички нападнати од Г.В.(34) и В.С.(32) двајцата од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 20.50 часот во Полициска станица Прилеп Б.С.(47) од Прилеп пријавил дека околу 20.20 часот пред продавница во Прилеп бил физички нападнат од Г.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 18.43 часот во СВР Штип, Н.К.(36) од Штип пријавил дека во 18.30 часот пред угостителски објект во Штип, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.С.(33) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 21 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Д.Н.(61) од Штип, затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.10.2023 во 21.30 часот во СВР Штип М.М.(20) од Штип пријавил дека во 20.40 часот во Штип, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Д.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 околу 09.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на паркинг простор пред маркет во Куманово, од З.К.(54) од Куманово, кој како вработен во агенција за обезбедување пренесувал пари од маркет со патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, две лица со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.10.2023 во два часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека околу 20.30 часот во Гостивар, 29-годишна гостиварка била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2023 во 11.25 часот во село Јегуновце, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово е приведен В.М.(61) од селото Подбреѓе, тетеовско, затоа што според пријавеното, во 10.40 часот во селото Јегуновце, агресивно се однесувал и фрлал тврди предмети кон куќа сопственост на К.Н.(44) од селото Јегуновце. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. бд/

Фото: МИА

Остани поврзан