• недела, 05 јануари 2025

Истрага за убиство при семејно насилство во Тетово, предложен притвор

Истрага за убиство при семејно насилство во Тетово, предложен притвор

Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, при семејно насилство.

-По кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го лишил од живот сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во истиот стан. Куршумот ја погодил жртвата во градниот кош и тој веднаш починал, а осомничениот седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан