• сабота, 04 април 2026

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - На 23.10.2023 во 19,05 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во близина на манастирот „Траскавец“ во прилепско, при удар во карпа се повредил параглајдерист Р.Г.Т.(44) од Р.Полска, на кого од лекар од Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во болницата „Систина“- Скопје за понатамошно лекување.

Денеска (24.10.2023) во 10.30 часот во атарот на село Добрешане, кумановско, Оперативен тим Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишија од слобода лицето М.Ф.(35)  од Куманово.Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11години и 2 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.  М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде има за доиздржување 6 години, 6 месеци и 2 дена.

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (24 октомври) околу 23 часот и 30 минути, во тетовска Мала Речица, лишиле од слобода малолетничка од истото село, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Во присуство на родител и претставник на Центарот за социјални работи Тетово малолетничката била задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска (24 октомври) на полноќ, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 38-годишниот Р.К. од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во угостителски објект  во Гостивар, но и поради сомнение дека претходно противправно одзел моторно возило на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера (23 октомври) околу 16 часот и 30 минути на нива во атарот на тетовското село Лешок, во месноста „Гладница“, сопственост на 75-годишниот С.Б. од ова село,  пронашле над 150 стебла „канабис сатива“. Извршен е увид, неколку од стеблата се подигнати за вештачење, а другите се искорнати и уништени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера (23 октомври) од 14 до 19 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување во сообраќајот, во која вкупно биле изречени 62 мерки (ТЕ-15 и ГВ-47). На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 23.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 50 прекршоци од кои 21 надвор од населено место и 29 во населено место. Истиот ден во времето од 14.00 до 19.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа биле санкционирани 12 прекршоци. Санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 4 за некористење сигурносен појас и 5 за користење мобилен телефон.

На 23.10.2023 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(44) и Б.Џ.(45), двајцата од Штип, бидејќи во близина на с.Кошево, со комбе натоварено со огревно дрво, фрлале дрва на патот со цел да ги спречат вработените од шумска полиција во содејство со полициски службеници од СВР-Штип, во извршување на службените задачи. Комбето и дрвата биле одземени и ќе бидат предадени на шумско стопанство за понатамошна постапка. За случајот запознаен е јавен обвинител и по целосно комплетирање и документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 23.10.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје Т.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во Градскиот парк во Скопје едно лице со закана му одзело пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.10.2023 во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба О.К.(61) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син А.К.(38) кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 23.10.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје С.Ц.(51) од Скопје пријавил дека околу 13.05 часот на подрачјето на Гази Баба по претходно недоразбирање бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 23.10.2023 во 12.15 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било  пријавено дека кај нив бил донесен И.П.(37) од Куманово со тешки телесни повреди здобиени при извршување на работни задачи во склад на фирма во населбата Илинден. Излезено бил на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 23.10.2023  на крстосница од ул. „Партизанска“ со „ Методија Андонов Ченто“  во Битола  од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола е лишен од слобода  В. Т.(44) од Битола, кај кого при преглед е пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.10.2023 во СВР Битола Б. Ј.(52) од Битола пријавил дека на ул. „Игњат Атанасовски“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 23.10.2023 во ПО Новаци Ф.Е.(32) од с.Пресил, крушевско  пријавил дека во близина на рудникот Суводол, општина Новаци бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 195 возачи. Од нив, 149 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 25 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирани возила. Меѓу санкционираните е и еден возач кој се движел со 103 км/ч во населено место.

На 23.10.2023 во 19.50 часот во СВР Скопје Т.К.(55) од Скопје, пријавил дека околу 18.00 часот пред угостителски објект во с.Долно Лисиче-скопско бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.10.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје Р.Е.(37) од Скопје пријавил дека во неговиот дом на подрачјето на Шуто Оризари тој, неговата сопруга и двете деца со тврди предмети биле нападнати од И.Х.(47), М.Х.(25), Ц.Х.(21), М.Х.(66) и А.В.(27) сите од Скопје, кои го оштетиле и неговото патничкото моторно возило “дачија логан“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 На 23.10.2023 во 16.50 часот во СВР Скопје Д.Ј.(20) од Скопје пријавил дека на 22.10.2023 околу 23.30 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.10.2023 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З. (25) од Куманово поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.  М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на продолжениот викенд (21/22/23.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 277возачи, меѓу кои 118 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 34 мерки за возење без возачка дозвола,18 возачи за управување под дејство на алкохол, 25 санкции за непрописно престигнување. Изречени се 11  санкции за користење на мобилен телефон при возење...

На 23.10.2023 во 18.15 часот А.А.(28) од Кичево, во полициска станица пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 23.10.2023 во 19.50 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево од слобода е лишен И.М.(52) од Кичево, кај кого полициските службеници при извршен преглед пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(55) од дебарското село Хаме, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во Дебар, во државна сопственост, без одобрение од надлежен државен орган, неовластено изградил објект.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.М.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на 19.09.2023 година во близина на струшкото село Велешта, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(44) од штипското село Таринци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „ширење  расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 20.10.2022, по објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој ширел говор на омраза.

На 23.10.2023 година од 14 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 возачи на моторни возила кои, извршиле престигнување на места каде тоа е забрането (Охрид-11, Струга-07, Кичево-08, Дебар-03).

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Т. (18) и Х.Ц. (19), двајцата од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 19.02.2023 во 23,30 часот на ул. „Гоце Делчев“ полициски службеници при преглед кај Х.Ц пронашле и одзеле марихуана која на 15.02.2023 ја купил од првопријавениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Велес, поднесе кривична пријава против С.С. (40) од Неготино, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 14.08.2023 на ул. „Косте Волканоски“ во Неготино, полициски службеници при преглед кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан