МВР Билтен (ДПЛ)
- Скопје, 1 февруари 2025
Скопје, 1 февруари 2025 (МИА) - На подрачјето на Гази Баба вчера во 18:15 часот е приведен С.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По претходно добиена судска наредба од Основниот кривичен суд-Скопје, бил извршен претрес во домот на пријавениот и парцелата која ја користи при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага, 34 куршуми, а исто така и доброволно предал три кесички со бела прашкаста материја кои ги чувал во друг стан, кој го користел под кирија. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.215 и чл.396 од КЗ.
Вчера во 20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, врз основа на судска наредба, на улицата „Браќа Ѓиноски" го привеле Е.Е.(37) од Гостивар, кој бил баран за издржување на затворска казна во врска со член 144 од КЗ.
Тој е предаден во КПУ Затвор Тетово, за издржување на казната.
Полициски службеници вчера привеле 17- годишен малолетник од Прилеп, 15-годишен малолетник од с.Бела Црква и М.З.(21) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од 19:30 часот од страна на Р.Ш.(50) од с. Бела Црква кој пријавил дека на ул.„Кузман Јосифоски" во Прилеп од неговиот малолетен син со закана од оружје било одземено златно ланче.
Кај М.З. бил пронајден и одземен пиштол, а кај 17 - годишниот малолетник било пронајдено златното ланче. Лицата се приведени во Полициската станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.
Околу еден часот по полноќ, полициски службеници од СВР Штип ги привеле В.Ш.(37) и Е.Б.(38). При извршен претрес во објект кој го користел В.Ш., биле пронајдени грутчеста материја, бела прашкаста материја и 305.500 денари и 7250 евра.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 14:30 часот, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.С.(33) од општина Арачиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 21 септември во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднeсе кривична пријава против С.Џ.(33) од с.Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
На 20 декември лани во с.Матејче, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле пиротехнички средства.
Вчера во 20:30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници привеле тројца малолетници од Скопје, по претходна пријава од О.Ц.(48) од Белорусија, со престој во Скопје, дека околу 19 часот на автобуска постојка тие физички го нападнале неговиот малолетен син.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 01:20 часот ноќеска во Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.С.(36) од Скопје, по претходна пријава од нејзиниот 35-годишен сопруг дека на 31 јануари во семејниот дом агресивно се однесувала и му упатувала закани со остар предмет, а потоа со тврд предмет го оштетила возилото на неговиот брат.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, М.Н.(18) од с.Арачиново и М.А.(18) од Скопје пријавиле дека околу 09.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар биле физички нападнати од три лица, кои при нападот користеле и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 22.07 часот во СВР Скопје Е.Н.(43) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера во 07 часот било пријавено дека на 30 јануари околу 23:30 часот во семејниот дом во скопско село, 16-годишна малолетничка била физички нападната од нејзиниот татко А.А. и нејзиниот брат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 03:30 часот ноќеска на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го привеле Д.С.(32) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 10.30 часот денееска во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, Д.Д.(24) од с.Долно Лисиче пријавил дека на настрешница на верски објект на подрачјето на општина Аеродром, пронашол тегла со зелена тревкаста материја.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/
Фото: МИА архива