• понеделник, 04 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - На 03.10.2024 во 14.40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С. (21) од Кавадарци поради сторено кривично дело кражба од имот на  правно лице од Кавадарци. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.10.2024 во 02.00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода О.М.(26) од Градско и К.С.(30) од Неготино поради обид за кражба. Околу 01.30 часот тие биле затекнати од сопственикот при обид за кражба во помошна просторија од куќа во Неготино, по што побегнале, но набргу биле фатени. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.10.2024 во 18.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ј.(38) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Б.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.10.2024 во 23.20 часот на паркинг простор во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода М.Г.(22) и Д.В.(22), двајцата од Кичево и М.П.(23) и А.П.(26) од кичевското село Вранештица. При преглед во возилото во кое се наоѓале, биле пронајдени и одземени марихуана и една метална дробилка. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

На 03.10.2024 во 12.15 часот, на место викано „Вражји вир“ на подрачјето на Полициското одделение Мирковци, полициски службеници од криминалистичката полиција ги лишиле од слобода Ф.К.(25) од Косово и И.Д.(26) од село Блаце, скопско, затоа што претходно на подрачјето на Мирковци со патничко возило „волво“ со косовски национални ознаки, во кое се превезувале, спречувале полициски службеници при извршување службени дејствија за откривање друго кривично дело. Тие биле предадени во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 03.10.2024 во 14.40 часот во СВР Тетово, 29 – годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето влегло во продажниот објект каде што работела и одбрал производи за кои требал да плати 3050 денари. Како што е пријавено, со изговор дека има само девизи и дека треба да ги размени за да плати, лицето излегло со производите и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2024 во 17.03 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите од остар предмет додека работел во дворно место од куќа во Делчево. За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

На 03.10.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Н.(40) и Т.А.(33), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Г.П.(40) од Струмица пријавил дека околу 20.05 часот пред угостителски објект во Скопје, на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од Р.В.(35) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.10.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници извршиле службен разговор со М.С.(44) од радовишко село, со престој во скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.09.2024 во скопско, физички ја нападнал неговата 39 - годишна поранешна вонбрачна партнерка и се обидел да изврши обљуба врз неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.10.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие – Паркинзи општина Центар било пријавено дека во периодот од 01.10.2024 до 02.10.2024 од непознат сторител било извршено кривично дело „фалсификување исправа“ на тој начин што употребувајќи го името и логото на јавното претпријатие, доставувал лажни дневни паркинг карти на возила на територија на општина Центар со износ од 300 ден и со насока за плаќање преку наведен QR код кој водел до поле во кое се внесувале лични податоци и податоци од платежна картичка, кои панатаму би можеле да бидат предмет на злоупотреба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.10.2024 во 16.25 часот во СВР Битола, К.К.(49) од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола била касната од куче скитник .

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б.(32) и А.Б.(36), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.  На 08.10.2023 во с.Цветово, скопско, по завршување на спортски натпревар, пријавените од пиштоли испукале неколку куршуми во воздух.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 18.04.2024 на место викано „Цареви кули“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана од која му овозможил на друго лице да ја користи.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.Ц.(21) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.03.2024 на ул.„Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(66) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 02.10.2024 бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена рачна бомба „М52“, 181 куршум со различен калибар, шест тегли со сачми, четири кеси со барут и два алати за изработка на ловечка муниција.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Н.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 27.08.2024 во Градскиот парк во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(25) и Ј.Б.(36), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.07.2024 во близина на бензинска пумпа, во с. Јурумлери, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Е.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 30.06.2024, пријавениот физички нападнал полициски службеник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(35), В.М.(44), Д.М.(49) и С.М.(39), сите царински службеници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 25.07.2023 на работното место на граничен премин Табановце, за влез во државата, пријавените на едно лице од Струмица му пресметале помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз, со што му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист, а му издале и потврда за плаќање на увозни давачки, која ја завериле со свој печат и потпис.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ј. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, во периодот од јануари 2024 до август 2024, повеќекратно ја искористила платежната картичка на друго лице, при што предизвикала материјална штета од 187.133 денари.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.М.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“. Пријавената, во текот на април, без согласност на лице од Гостивар ја употребила неговата банковна картичка и  направила пет трансакции.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“. На 12.08.2024, пријавениот без согласност од лице од Гостивар, ја употребил неговата платежна картичка и од шалтерот на банка повлекол парични средства.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против М.П.(33) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 19.08.2024 на ул.„Михајло Апостолски“ во Кратово, пријавениот управувал товарно возило „там“, сопственост на приватна фрма од Крива Паланка, со кое вршел превоз на огревно дрво без да поседува лиценца и извод од лиценца за вршење на јавен превоз. нд/

Фото: МИА архива

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан