• сабота, 28 март 2026

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 септември 2023 (МИА) - Вчера во 16.00 часот на место викано „Сува Гора“, во атар на с.Ларце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(39) и М.С.(42), двајцата од истото село, поради постоење основано сомнение дека вршат превоз на бесправно исечени огревни дрва со две возила „лада нива“ и „џип тета самара“, двете без регистарски ознаки. Кај нив биле пронајдени и одземени исечените огревни дрва и алатот со кој ја вршеле сечата, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23.50 часот Скопје, на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(32) од Скопје, постапувајќи по пријава според која околу 23.45 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Карпош одбил да плати за производите кои ги зел и се заканувал со остар предмет кон вработените. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска во 08.20 часот е пријавено дека кај локалитет „Стоби“, во близина на железничката станица „Градско“, едно лице, најверојатно илегален мигрант, кое било качено на контејнер на товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, при обид да го напушти возот, дошло во допир со железничкото струјно коло и добило струен удар. Од страна на лекар од Итна медицинска помош Велес е констатирана смрт. За случајот е известен Јавен обвинител, а полициски службеници од Полициска станица Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ излегле на местото на несреќата.

Вчера во 17.15 часот над село Црвена Вода, скопско, полициски службеници ги лишиле од слобода А.И.(49), Г.В.(48) и Л.Б.(50), сите од Гостивар, кои се превезувале во патничко возило „тојота ленд крузер“ со гостиварски регистарски ознаки, постапувајќи по пријава според која со дрон, кој бил пронајден кај нив, вршеле недозволено снимање на Солунска Глава. Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува поднесок.

Вчера во 17.18 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.И.(49) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физичка нападнат од 34-годишната Р.Х. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Синоќа во 22.45 часот во Полициска станица Центар, М.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(30) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.12.2022 во Струмица, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и хашиш смола.

Синоќа во 22.45 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека на подрачје на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(27) и Д.Ј.(47), двајцата од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12.00 часот во ОВР Кавадарци, В.Д.(41) од Неготино пријавил дека околу 11.30 часот пред продавница во Кавадарци бил физички нападнат од В.Р. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(32) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.08.2023 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

Синоќа во 23.40 часот во Полициска станица Драчево, М.Б. (59) од Скопје пријавил дека во 22.40 часот на подрачјето на Драчево неговиот малолетен син, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.Р.. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска (10.09.2023) во 04.15 часот во ОВР Кавадарци, З.Ј.(35) од Кавадарци пријавил дека пред угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од Д.Ч. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(21) и А.А.(20), двајцата од село Палчиште, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и  „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.09.2022 на локалниот пат од Тетово кон село Јеловјане, полициски службеници ги затекнале пријавените со уште две лица, а при преглед кај пријавените лица била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 08.30 часот во Полициска станица Гази Баба, Р.М. пријавила дека на 08.09.2023 околу 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба, две лица со закана одзеле пари и мобилен телефон од куќата на нејзиниот свекор В.К.(83). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.Л.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.02.2023 во село Октиси, струшко, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Вчера во 19.30 часот во тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода пет малолетници и еден 18-годишник, сите од тетовско, постапувајќи по претходна пријава на жител од тетовско според која, тие со закана ја принудиле неговата малолетна ќерка на полови дејства. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска во 00.10 часот во Полициска станица Центар, А.Ѓ.(22) од Скопје, кој претходно бил лишен од слобода поради физички напад на три лица и полициски службеник, пријавил дека бил физички нападнат од полициски службеник кој вршел службени дејствија. Се работи на расчистување на случајот.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од село Борово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 08.08.2023 во село Каврак, кратовско, пријавениот се обидел со стаклен предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија, но бил спречен и лишен од слобода.

Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница во скопската населба Илинден, едно лице со закана од касата одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тетовецот С.Ј.(33) вчера во СВР Тетово пријавил дека околу 13.30 часот во Тетово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Ќ.А.(67) од с.Порој. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан