• четврток, 25 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) - ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Р.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При преглед извршен на 26.12.2023 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициските службеници, кај него пронашле пиротехнички средства што нелегално ги поседувал.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.М.(36) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Тој, на катастарска парцела во истото село, сопственост на други лица, неовластено изградил станбен објект.

На 23.02.2024 во 23.00 часот во СВР  Скопје, М.З.(38) од с.Долно Лисиче, скопско пријавил дека околу 19.00 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговиот малолетен син физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир,  едно лице со закана со оружје и со употреба на физичка сила искршило дел од инвентарот и од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (24.02.2024) во 01.56 часот СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево пред спортска обложувалница, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Т.(37) и М.Б.(39), двајцата од Скопје. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.02.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријавила дека на 10.02.2024 околу 14.00 часот во објект на подрачјето на Бит Пазар каде работела, Б.М. ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (24.02.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје И.Б.Ј.(31) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на автопатот Велес-Скопје, атар на с.Идризово, три лица се однесувале агресивно кон неа, а едно од нив го скршило ретровизорот од  нејзиното патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 23.02.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници од с.Горно Количани и с.Долно Количани, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Денеска (24.02.2024) во 00.30 часот во Полициската станица Виница С.Е.(35) од Виница пријавил дека на 23.02.2024 околу 17.00 часот неговата малолетната ќерка заминала од домот и започнала да живее во вонбрачна заедница со А.Д.(19) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани А.Л.(67) од населба Оризари-кочанско пријавил дека на 21.02.2024 околу 15.30 часот во населбата Оризари  бил каснат од куче, сопственост на С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Центар А.Д., педагог во средно училиште од Скопје, пријавила дека таа, директорката и вработени во училиштето биле вознемирувани од М.К., родител на ученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2024 во 20.35 часот во Полициската станица Тетово С.С.(66) од Тетово пријавила дека на ул.„Јован Ончевски“ била касната од куче скитник.

Денеска (24.02.2024) во 00.30 часот во Полициската станица Драчево, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Киро Фетак“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 23.02.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.В.(59) од Скопје пријавил дека на ул. „Јужноморавски бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 23.02.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.В.(81) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 24.02.2024 полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 16-годишник затоа што на улицата „Македонска" во Крива Паланка физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во времето од 23.00 до 03.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Ресен во соработка со ЈП „Национални шуми“ во атар на с.Болно,ресенско затекнато е патничко моторно возило „југо" без регистарски ознаки, натоварено со дабови дрва без жиг и испратница, управувано од Ф.Р.(38), а сопатници биле С.М. и И.Б., сите од Ресен. Дрвната маса и возилото се одземени и предадени на шумска полиција за понатамошно постапување.

На 23.02.2024 во 20.20 часот, Ф.О.(50) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, бил каснат од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан